-->
  
  
  
  
	-->
  
  Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс
  
-->
  
  
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека каков било дијалог со Јапонија за мировен договор може да почне само откако Токио ќе се откаже од она што Москва го нарекува „антируски курс“.
– Актуелната политика на Јапонија доведе до застој на билатералните односи, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Русија, државата наследничка на поранешниот Советски Сојуз, и Јапонија никогаш не потпишале мировен договор за формално завршување на непријателствата од Втората светска војна.
МИА
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
           ЈО: Обвинение за обид за изнуда и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Неготино
-   
           Цената на преспанското јаболко
-   
           Народна банка: Стабилноста на банкарскиот систем и натаму јакне
-   
           Утре една година од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-   
           Расчистени кривични дела извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар
-   
           Франција воведува специјални розови регистарски таблички
-   
           На експресниот пат Крива Паланка-Страцин ќе се градат нови клучки кај Десетак и Петралица
-   
           Муниција пронајдена во возило, приведен скопјанец







