Русија вели дека ИД стои зад смртоносниот напад во московската концертна сала
Русија за првпат соопшти дека ИД го координирала нападот во март во концертна сала во Москва, најсмртоносниот терористички напад во земјата во изминатите две децении. „Во текот на истрагата. . .
беше утврдено дека подготовките, финансирањето, нападот и повлекувањето на терористите биле координирани преку интернет од страна на припадници на ИД – Хорасан“, активен огранок на ИД во Авганистан и Пакистан, изјави Александар Бортников, шеф на ФСБ.
ИД во неколку наврати ја презеде одговорноста за нападот на 22 март во кој загинаа над 140 луѓе, но Москва постојано се обидуваше да ги поврзе Украина и Западот со нападот.
Бортников не го отфрли украинскиот агол во своите изјави денескла велејќи дека „по завршувањето на нападот, терористите добиле јасни инструкции да се движат кон украинската граница, каде од другата страна им бил подготвен „прозорец“.
Украина постојано негираше вмешаност. Вооружени лица упаднаа во концертната сала Крокус во предградието на Москва пред да ја запалат зградата.
Уапсени се повеќе од десетина осомничени, вклучително и четворицата напаѓачи, кои сите се од централноазиската држава Таџикистан.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра