Русија спроведува воени вежби во Балтичкото Море

Десетици руски бродови денеска учествуваа во воени вежби во Балтичкото Море во услови на растечки тензии околу таа стратешка област каде што НАТО исто така во моментов спроведува маневри.
– Во рамките на оваа вежба, тактичките поморски групи на Балтичката флота ги напуштија своите бази и беа распоредени во одредени зони, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според Министерството, 60 бродови и 40 авиони учествуваат во вежбите, кои се одржуваат и на копно во центрите за обука во руската енклава Калининград.
Околу 20 руски бродови веќе учествуваа во една вежба во зоната во вторникот.
НАТО од неделата спроведува големи годишни поморски вежби на Балтикот наречени „Балтопс 22“, кои треба да траат до 17 јуни.
Оваа интензивна воена активност се одвива во контекст на силните тензии меѓу Москва и западните земји од почетокот на руската воена офанзива врз Украина кон крајот на февруари.
Балтичкото Море како стратешка зона дојде до израз минатиот месец кога Шведска и Финска, досега неутрални, официјално поднесоа барање за членство во НАТО, организација која Москва ја смета за непријателска кон нејзините интереси.
Ново на Сител
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
