Русија со нов план до ОН за прекин на 5 годишниот конфликт во Сирија
Русија до ОН достави документ со план за прекин на 5 годишниот конфликт во Сирија. Планот предвидува спроведување на уставни реформи во Сирија во наредните 18 месеци, а потоа би следувале предвремени претседателски избори. Во документот нема ништо за тоа дали претседателот Асад би останал на функцијата во тие година и половина од процесот за реформи. сРускиот документ се појави во ОН во време на засилено зацврстување на позициите на Асад и по напредувањето на сириската армија на фронтот против џихадистите, коментираат светските медиуми. Инаку на 14 овој месец во Виена треба да се одржи нова рудна меѓународни преговори за сирискиот конфликт.
САД- мал авион се урна во станбен кварт, 9 лица загинаа
Мал авион од засега непознати причини се урна во станебен кварт во местото Акрон, во американската сојузна држава Охајо.Во несреката загинаа сите 7 патници и двајцата пилоти. Пред да се урне, малиот авион удрил во една зграда, која притоа се запалила. Нема загинати ниту повредени меѓу жителите на зградата.
САД ветија награди од 27 милиони долари за информации за шесте лидери на Ал Шабаб
САД ветија награди од вкупно 27 милиони долари за информации за шестмината лидери на сомалиската исламистичка група Ал Шабаб. Наградите уследија откако вчера Ал Шабаб и се заколна на верност на џихадистичката група Исламска држава. Од 2006 година досега борците на ал Шабаб убија илјадници цивили, хуманитарни работници и мировници во Сомалија, Уганда и Кенија, наведува Стејт департментот.
-
Емилија Митковска
Сите содржини од овој новинар