Русија ја повика Турција да се воздржи од дејствија кои ја комплицираат ситуацијата во Сирија
Руското Министерство за надворешни работи ја повика Турција да се воздржи од дејствија кои можат да ја усложнат ситуацијата во Сирија, пренесе ТАСС.
Министерството, преку соопштение, изразува сериозна загриженост од навлегувањето на турските единици и на паравоените формации на сириската опозиција, што се поддржни од нив, на територијата на Сирија.
- Посочуваме дека овие дејствија се изведуваат без согласност од легитимните сириски власти и без одобрение од Советот за безбедност на ОН, со кои под сомнение се ставаат суверенитетот и територијалната целост на Сирија, истакна руското министерство.
Во документот се подвлекува дека дејствијата на Турција можат дополнително да ја усложнат ситуацијата во Сирија и негативно да се одразат врз меѓународните напори за надминување на кризата во земјата.
Турција на 24 август ја почна операцијата „Еуфратски штит“, што за своја цел го има прогонот на групата Исламска држава и на сириските Курди од пограничните региони со Турција.
Во моментов турските сили и единиците на опозициската Слободна сириска армија контролираат 90-километарска линија долж границата, на неколку километри во внатрешноста на сириска територија.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи