Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина дека двапати ја нападна енергетската инфраструктура во изминатите 24 часа, јави Скај Њуз.
Се наведува дека снабдувањето со електрична енергија на домаќинствата во две населби во областа Токмаковски е прекинато, додека повеќе од 1.200 се без струја во областа Грајворонски.
-Без оглед на неговите јавни изјави за поддршката за руско-американските договори за етапно решавање на конфликтот во Украина, режимот во Киев продолжува еднострано да ги удира руските енергетски капацитети на дневна основа, се вели во соопштението.
Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Украина рече дека Русија продолжува да ги оштетува украинските енергетски капацитети откако договорот за ненапаѓање на таквите објекти беше постигнат во разговорите во Саудиска Арабија.
Андриј Сибиха додаде дека рускиот напад оштетил енергетска постројка во градот Херсон во Украина, прекинувајќи ја струјата на 45.000 жители.
Минатата недела двете страни меѓусебно се обвинија за напад на мерна станица за гас во Суџа.
Москва го обвини Киев за „двоен напад“, додека украинскиот функционер за национална безбедност рече дека Русија „повторно го нападна системот за пренос на гас Суџа“ кој „не го контролира“.
Ново на Сител
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена
-
Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ
-
Николоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка
-
Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот
-
Кривични за две лица од Крива Паланка, се заканувале на вработени во АХВ
-
Паднаа серверите на компаниите, апликациите и социјалните мрежи кои соработуваат со „Амазон“
-
Кикбоксерите од Балканското куп првенство во Белград донесоа 42 медали
-
Шпанија ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот