Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ

Час поскоро, секој кој носел одлуки, треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес, објави на неговиот фејсбук профил се уште актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов по изборниот дебакл на СДСМ во Струмица.
Тој порачува дека мора да се седне на маса, за консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции, односно како што вели „вистинска, лице в лице“.
- Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ, истакнува Костадинов.
Во објавата наведува дека по 20 години, во општината која беше пример и бисер за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција.
-Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ. Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството, вели Костадинов.
Тој посочува дека СДСМ сега е четврта политичка сила и дека партијата не влезе во втор круг во Скопје. Според него, станува збор за политичка одговорност и политички срам и недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен.
Инаку, Костадинов откако не ја доби довербата од централата на партијата да се трка за втор градоначалнички мандат донесе одлука да го замрзне членството во СДСМ до завршувањето на локалните избори.
МИА
Ново на Сител
-

Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
-

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе
-

Кривична пријава за в.д. директорка на Национален парк „Галичица“ за „несовесно работење во службата“
-

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор
-

Јовановски: Ивана ми призна дека под уцена му го дала резервниот клуч на Саздов за да ми ја подметне дрогата во возилото
-

Пролетни средби со ММФ
-

Јаневска: Преземаме мерки за да ги задржиме младите, иселеници веќе се враќаат во Македонија
-

Викендов променливо облачно со сончеви периоди
