Русија и Катар се договрија да ги поддржат преговорите за Сирија
Русија и Катар се согласија да го поттикнат отпочнувањето преговори меѓу завојуваните страни во сириската криза, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по разговорите со шефот на катарската дипломатија Калид бин Мохамад Ал Атијах.
- Не сакам да откривам детали, но постигнавме извесен договор, рече Лавров.
Како што пренесува ТАСС, шефот на руската дипломатија укажа дека е клучно да се обезбеди најширок круг претставници на опозицијата да учествуваат во идните сириски преговори.
Катарскиот министер истакна дека сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговиот режим се главните покровители на тероризмот и изрази противење за создавњето листа на терористи пред сириските преговори.
Атијах изјави дека тема на денешните разговори не било формирањето вооружени сили во рамки на исламската антитерористичка коалиција на чело со Ријад.
- Разговараме за борбата против терористичката идеологија. Саудиската коалиција не учествува во изведувањето на воздушни напади во Сирија заедно со коалицијата предводена од САД, рече Ал Атијах.
Тој наведе и дека во политичкото решавање на кризата во Сирија треба да се користат претходно постигнатите спогодби, а не се да почнува од нула и притоа оцени дека натамошното влошување на кризата во Сирија не е во интерес на никого.
Ново на Сител
-
Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
-
Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, возеле со 1.74 и 1.52 промили алкохол во крвта
-
Охрид домаќин на финалниот турнир во ракометниот Куп на Македонија
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид