Захарова: Руската делегација пристигна во Истанбул, подготвена за сериозни разговори
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потврди дека руската делегација пристигна во Истанбул, каде се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа руските медиуми.
-Како што е речено во повеќе наврати, руската страна е подготвена за сериозни преговори, а делегацијата на Русија пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа, истакна таа на прес-конференција во Москва.
Захарова потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на 11 мај изнесе иницијатива за продолжување на директните преговори меѓу двете страни, предлагајќи преговорите да почнат без одлагање и предуслови со цел да се елиминираат суштинските причини за конфликтот и да се тргне кон воспоставување долгорочен, траен мир.
Руската делегација ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински, кој веќе ја предводеше групата руски преговарачи во Истанбул, во пролетта 2022 година кога беа прекинати директните преговори меѓу двете страни.
Во меѓувреме, украински официјален претставник изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по што ќе донесе одлука за учество во разговорите со руската делегација во Истанбул.
Во Истанбул за денеска се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина за прекин на огнот, за кои не е прецизирано кога ќе почнат.
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа