Рот: Кај двете страни постои волја прашањето за името да се реши сега
Прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години. Има волја на двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис. Медијаторот Матју Нимиц има клучна улога, но владите на двете земји се тие кои го водат процесот. Потребни се конструктивност, креативност и флексибилност. Македонската Влада е позитивна и креативна, а таква е и Владата во Атина, и затоа гледам светлина на крајот на еден долг тунел.
Ова го истакна државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев.
- Ја поздравуваме позитивната клима во односите меѓу двете земји. Сметам дека двете страни имаат волја и можат да се договорат за одржлив и заеднички прифатлив компромис. Последните јавни изјави ја потврдуваат волјата прашањето сега да се реши, и двете страни се подготвени за тешки компромиси. Германија дава целосна поддршка за изнаоѓање решение во блиска иднина, рече Рот.
Порача дека не треба да се поставуваат црвени линии, а неопходно е да има и дијалог меѓу власта и опозицијата.
Рот го поздрави напредокот што го постигна Македонија во реформите и приближувањето кон ЕУ.
- Климата во земјата е значително променета, но неопходно е да продолжат реформите потребни за евроатлантското приближување и Македонија да остане на вистинскиот пат. Препораката од ЕК е резултат на заложбите на Владата. Германија ја поддржува европската перспектива на земјата и одблиску ќе ги следи извештаите за напредокот, изјави Рот.
Истакна дека владеење на правото е суштинско, тоа е задача на Владата, но и на сите во земјата, вклучително и опозицијата.
-Независно судство е клучно во борбата со корупцијата. Граѓаните мора да видат резултати, кажа Рот.
Тој ја поздрави работата и резултатите на СЈО и укажа дека е неопходно да се воспостави доверба во правните институции и да се расчисти случајот со прислушувањата. Рот го поздрави договорот со Бугарија и подобрувањето на односи со Грција.
Ново на Сител
-
Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Грк уапсен на ГП Богородица, поседувал 276 штеки цигари и 20 пакувања тутун без документација
-
Приведен грчки државјанин на ГП Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана
-
59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена