-->
-->
Роналдо: Со Меси не сме пријатели, но се почитуваме
-->
Еден од двајцата најдобри фудбалери во светот, Кристијано Роналдо изјави дека меѓу него и Лионел Меси има почит еден за друг, но дека тие никогаш нема да бидат пријатели.
Во последниве години, се водат дебати кој е подобар фудбалер, Роналдо или Меси, но португалскиот верува дека меѓу нив не постои јаз.
- Меѓу нас постои голема почит. Новинарите сакаат да пишуваат за големото ривалство, но тоа не постои. Ние не сме најдобри пријатели, но постои почит од двете страни, изјави Роналдо.
Португалецот додаде дека е свесен дека постојат луѓе кои не го сакаат, но, исто така, истакнува дека тие се неопходни за него.
- Фудбалот ме научи да ги користам „хејтерите“ како мотивација. Ми требаат непријатели, бидејќи без нив не би го постигнале ништо во кариерата.
Роналдо и Меси заедно ги освоија последните осум „Златни топки“ за најдобри играчи во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари: Ние не сме чамец за спасување
-
Прв етимолошки речник во македонскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев