Роналдо и Георгина ги прекршиле протоколите - фудбалерот може да добие суспензија
Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги прекршиле протоколите во борбата против Ковид 19.
Два дена Роналдо и неговата девојка Георгина биле во монденскиот зимски центар Гурмајер, кој се наоѓа во областа Вале Даоста. Со оглед на тоа дека тие живеат во областа Пиемонт, а поради Ковид 19 има таква забрана за патувања од една во друга област, Роналдо и неговата вереница ги прекршиле протоколите.
Откако „Газето Дело Спорт“ објави видео на кое се гледа како Роналдо и Георгина уживаат на моторна санка, отворена е истрага која треба да покаже дали парот вил во портокаловата зона и патувал без дозвола.
Ако ова биде потврдено, Кристијано и Георгина ќе добијат казна, можна изолација од две недели, а на Роналдо му се заканува и суспензија од Серија А.
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители