Романи од Божин Павловски преведени на српски јазик
Издавачката куќа „Арка” од Смедерево ги објави преведени на српски јазик романите на Божин Павловски „Рогот на љубовта”, „Градинар, пустина” и „Америка, Америка”.
Делата на српски јазик ги преведоа Ристо Василевски и д-р Лилјана Стеиќ, а се проследени со поговори од Миќа Цветиќ, Ефтим Клетников и Душан Стојковиќ.
Според соопштението на издавачот, во текот на ноември ќе бидат одржани повеќе промоции на трите романи на академик Божин Павловски во Белград и во други градови на Србија.
Божин Павловски (Жван,1942) е автор на деветнаесет романи, а негови дела се преведени на: француски, руски, украински, италијански, англиски, албански, бугарски, српски, словенечки, полски, чешки, турски и на грчки јазик.
За својот богат прозен опус Павловски е добитник на повеќе национални и меѓународни книжевни награди.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“