Рокот за пријавување спорни гласачи во ДИК истекува на 19 август
Спорните гласачи во Избирачкиот список имаат рок до 19 август за пријавување во Државната изборна комисија. Имињата на спорните гласачи беа објавени на 26-ти јули и тие имаа рок од 25 дена да се запишат на списокот на гласачи, а пријавувањето се врши електронски преку специјална апликација на веб страницата на ДИК или лично во подрачните единици на ДИК и во кацелариите на Управата за водење матични книги.
Објавени беа имињата на 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список, а заклучно со вчера се пријавиле вкупно 5.022 граѓани. Од нив, како што соопштија од ДИК, 2.236 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 2.786 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Комисијата.
Според податоците на ДИК, најмногу пријавени граѓани има во Чаир - 907, во Сарај - 571, во Тетово - 501 и во Куманово - 453. Намалку пријавени има во Пласница, Василево и Градско - по 2, а до ДИК не се пријавил ниту еден граѓанин од повеќе општини, меѓу кои и Неготино, Пехчево, Зелениково, Кривогаштани, Демир Капија.
Пријавувањето се врши секој ден во периодот од 8:30 до 19 часот. По истек на овој рок, ДИК има на располагање 10 дена за да направи дополнителни контроли или лично да контактира со спорните гласачи. Ако не се пријават во предвидениот рок спорните гласачи нема да бидат запишани во Избирачкиот список, но ќе добијат можност тоа да го направат за време на јавниот увид на списокот пред парламентарните избори.
Ново на Сител
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
-
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против бизнисмен од Тетово за даночно затајување
-
Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини