-->
-->
Рохани: Иран ќе ги зајакне своите ракетни способности
-->
Иран ќе ги зајакне своите ракетни способности и нема да бара дозвола од ниту една земја за да го стори тоа, изјави денеска иранскиот претседател Хасан Рохани.
Рохани вети дека Иран ќе продолжи да ги развива своите капацитети за балистички ракети и покрај критиките од САД и Франција.
- Без оглед дали ви се допаѓа или не, ние ќе ги зајакнеме нашите воени способности, кои се неопходни за наш одговор, изјави Рохани во Техеран во говорот по повод годишнината од почетокот на војната меѓу Иран и Ирак, која траеше од 1980 до 1988 година.
Тој додаде дека Иран ќе ги зајакне не само своите ракетни, туку и воздухопловните, копнените и поморските сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана