-->
-->
Родригез се сели од Реал во Челзи!
-->
Колумбискиот фудбалски репрезентативец Хамес Родригез(25) е на излезна врата на Реал Мадрид и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Челзи.
Како што пренесуваат британските медиуми, Родригез се сели на Стемфорд Бриџ за 75 милиони евра отштета. Голем интерес за неговите услуги покажа и манчестер Јунајтед, ПСЖ, Интер и Арсенал, но сините се подготвени најмногу да платата.
Колумбиецот оваа сезона има мала минутажа во Реал, а својата позиција на Сантијаго Бернабеу ја искомпликува и со бројните изјави за малиот број настапи во тимот.
Челниците на Реал сметаат дека Родригез ја нарушува атмосферата во соблекувалната на кралевите, а „капка што ја прелеа чашата“ бил неговиот настап по освоената титула на Светското клупско првенство во Јапонија, кога рече дека го напушта Реал доколку не игра.
„Не можам да гарантирам дека ќе останам во Реал. Добив неколку интересни понуди“, рече Колумбиецот.
Родригез стигна во Реал во јули 2014 година од Монако за 80 милиони евра. Во дресот на кралевите има 94 настапи, при што има постигнато и 27 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот