Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал

Холивудската ѕвезда Роберт де Ниро синоќа го отвори 22. Сараевски филмски фестивал (СФФ), за кој во својот говор истакна дека е „роден во мрачен и опасен период“.
Де Ниро ја прими наградата „Почесно срце на Сараево“ за животно дело пред околу 3.500 посетители на сцената на Летното кино Телемах-Металац, а наградата му ја врачи директорот на СФФ, Мирсад Пуриватра.
- Ќе го чувам „Срцето на Сараево“ и ќе го паметам овој град со задоволство, бидејќи нема многу градови во светот кои биле храбри и покажале срце кога било најпотребно во најтешките моменти, порача светскиот актер.
Де Ниро пред отворањето на фестивалот прошетал по „црвениот килим“ и делел автограми.
- Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум повикан. Без заинтересиран да дојдам овде. Ме прашаа повеќе пати и јас ветив дека ќе дојдам. Ги донесов и своите две деца, зошто сакав да го доживеат ова со мене, истакна славниот глумец.
На годинешниот СФФ, кој трае од 12 до 20 август, во рамки на 18 фестивалски програми, ќе бидат прикажани 223 филмови од 61 држава.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
