РКЕ: Прекин на испораката на гас
Регулаторната комисија за енергетика информира дека од 13 до 17 октомври се очекува прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава.
Причината за ова се ремонтни активности на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот Турски тек.
„РКЕ потсетува дека сигурноста во снабдувањето е примарен интерес и дека законската регулатива овозможува во услови на прекин на испорака, операторот со природен гас НОМАГАС да може да изврши навремено полнење на цевката и количината да ја распредели соодветно во критичните денови за корисниците кои се греат на топлинска енергија“, велат од регулаторна.
Оттаму потсетуваат дека грејната сезона може да почне порано, односно од 1-ви октомври ако прогнозираната температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови.
Со оглед на најавите за студен и влажен бран, радијаторите на скопјани би требало да се стоплат веќе во петок.
Ново на Сител
-
Генералниот секретар на ОН го поздрави мировниот план на Трамп
-
УЈП: Суспендирани инспекторите опфатени во случајот со пожарот во дискотеката во Кочани
-
Истрага против тројца турски државјани, му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат
-
РКЕ: Прекин на испораката на гас
-
Шикорски не ја исклучува можноста Путин да го нападнe НАТО
-
Косовец крадел струја за својот продажен објект во Карпош
-
Обвинетиот за убиството на Чарли Кирк ќе бара прелиминарно сослушување
-
Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил