РКЕ издаде лиценци за 161 фото-електрична централа во првите четири месеци од годинава
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во првите четири месеци од годинава има издадено лиценци за 161 фото-електрична централа (ФЕЦ) со моќност од 54.8 мегават часови.
-Енергетската транзиција е реалност и е директен одговор на енергетската криза. Во државава за шеснаесет месеци се вклучени на мрежа нови капацитети од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 207 MW, што е приближно еднакво на еден блок од РЕК Битола. Потврда за се поголемата енергетска независност е фактот дека во првите три месеци од годинава увозот на струја е повеќе од двојно намален и од традиционалните 30 проценти увоз што се правеше порано за целокупните потребни на државата, сега увозот изнесува само 11 проценти, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Во 2022 години РКЕ има издадено лиценци на вкупно 267 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталиран вкупен капацитет од 152.2 мегават часови. Од нив 106.5 мегават часови се ФЕЦ, додека 36 мегават часови се за ветерни електроцентрали, а 7,2 мегават часови се за мали хидроцентрали и 2,5 мегават часови за термо-електроцентрали на биогас.
Од РКЕ потенцираат дека инсталираната моќност на новите производствените капацитети од обновливи извори во 2022 година и првиот квартал од 2023 година (16 месеци) се скоро еднакви како еден блок од РЕК Битола.
Ново на Сител
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“
-
Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, ослободена од политички и други влијанија
-
Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите
-
Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици
-
Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да и обезбедиме на Украина
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија