Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на најавите за нов кривичен законик, денеска порача да се пополнуваат правните празнини и да се размисли во таа насока во идните уставни измени што ќе се концентрираат на проблемите што произлегуваат од досегашното спроведување на Уставот.
Сиљановска Давкова, на новинарско прашање „дали е во контакт со институциите за надминување на проблемот со Кривичниот законик откако помина шестемесечниот рок што го даде Уставниот суд а Собранието не донесе нов“, сподели дека деновиве добиле барање врз основа на слободен пристап до информации за тоа кога претходниот претседател ги потпишал измените на Кривичниот законик.
Претседателката истакна дека лекциите мора да се научат.
- Не сум, бидејќи јас не сум овластен предлагач за закони, ниту за измени, но знам дека деновиве добивме врз основа на слободен пристап до информации барање за тоа кога претходниот претседател ги потпишал измените, кој ден и слично. Инаку, одлично прашање. Мора да научиме лекции. Кога Уставниот суд ќе донесе одлука без оглед дали се однесува на независните листи или на кое било друго прашање, еве на прашање од кривичната материја, тој му кажува на Собранието дека како законодавец веднаш треба да посегне кон пополнување на правната празнина. Лошо е да има правни празнини. Во некоја идна уставна измена, ама која ќе се концентрира на проблемите што произлегуават од досегашното спроведување на Уставот мора да размислиме и за ова, изјави Сиљановска Давкова, по доделување а признанието „Инженерски прстен“.
Претседателката потенцираше дека веднаш треба да се почне со пополнување на правната празнина и како што нагласи, да не се чудиме со решенијата што ги имаме сега.
- Во некои држави, како во Франција, законите што се носат со двотретинско мнозинство прво се разгледуават од Уставниот совет, односно уставнит суд, па потоа се објавуваат. Во Словенија, во други држави законите пред да бидат изгласами се даваат на мислење на Уставниот суд. Тие веднаш треба да почнат со пополнување на правната празнина Затоа се чудиме со решенијата што ги имаме сега, не смее тоа да ни се случи, рече Сиљановска Давкова.
Уставниот суд во февруари годинава одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите. Како што изјави тогаш претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на Собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите
-
Илјадници фалсификувани кукли Лабубу запленети во Велика Британија поради безбедносни ризици
-
Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да и обезбедиме на Украина
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари