РКЕ бара разделување на потрошувачката на електрична енергија на сметките за струја
Разделување на домашното производство на електрична енергија, увозот, учеството на обновливи извори како и надоместокот за користење на електропреносниот и електродистирбутивниот систем во сметките за електрична енергија што ги добиваат домаќинствата побара Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) од Универзалниот снабдувач на последниот координативен состанок со електроенергетските компании.
-Потрошувачите мора точно да знаат што плаќаат. Колку од електричната енергија што ја користат е од домашно производство, колку е од увоз, колку се плаќа за користењето на електропреносниот и електродистрибутивниот систем. Во исто време имаме силна определба да се зголеми производството од обновливи извори кое што секако влегува со крајната цена. Целта е потрошувачите да бидат запознаени за која од електроенергетските компании колкав надомест плаќаат и на тој начин да го валоризираат квалитетот на услуга што го добиваа, појаснува претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Според него сите компании се сложни дека треба да се направи овој чекор, кој е и законска обврска, а едновремено е и европски принцип.
Од РКЕ информираат дека Бислимоски на координативниот состанок со кој тој заседава, ги задолжил електроенергетските компании да најдат трајно решение кое ќе обезбеди сигурна и континуирана испорака на електричната енергија во дебарскиот регион и инвестициите да се насочат фокусирано токму во овој дел од државата кој се покажа како ранлив кога има невреме.
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје