Македонија
24. December 2024 - 16:53

Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот

Заканите на ураганот ДУИ кој ќе пружи невиден отпор ако се смени и една точка од законот за јазици, премиерот Мицкоски ги смета како обична тактика на Али Ахмети за мобилизација на повеќе граѓани. По овој закон ќе одлучи Уставниот суд, вели премиерот, а за заканите на Ахмети смета дека не поминуваат кај народот.

ВРЕДИ да се вратат на патот на достоинството и да го заштитат Охридскиот договор, ги повика Ахмети. Но од албанската коалиција на власт му возвратија со прашање.

-По кој пат да се вратиме Али Ахмети? На патот на Артан Груби, Рамиз Мерко, патот на црната листа, патот на заостанатоста и без достоинство. Засрамен сте вие, што ја завршивте кариерата на најлош можен начин. Албанците би се чувствувале очајни доколку го продолжите патот на лошото владеење, што се докажува во многу наврати на штета на нивната иднина, реагираше претседателот на БЕСА, Билал Касами.

На изјавата дека ДУИ нема да дозволат албанците да бидат слуги во Македонија, му возврати поранешниот сопратиец на Ахмети, Изет Меџити.

-Кога Али Ахмети зборува за слуги, тој тргнува од искуство. Зборува од прва рака, затоа што неговите соработници биле аргати и слуги луѓе кои ги менувале политичките интереси за коруптивни зделки. Како резултат на тоа, тие следбеници денес се на списоците „СТОП“ или во бегство, додека ДУИ се претвори во „нон грата“ група. Али Ахмети денес е делегитимиран, дефакторизиран и опкружен со фигури од црната листа. Затоа, квалификациите од типот „измеќари“ и „аргати“ се само очајнички обид да се зачува партиската структура која ја напушта ДУИ како патници на брод што тоне, реагира Меџити.

Од ДУИ пак по вчерашниот говор на нивниот лидер на завршниот прием на партијата за годинава, каде кажа дека имало селективна правда во правосудсниот систем, а албанските кадри биле омаловажувани, денеска преку соопштение велат дека остро го осудуваат невидениот притисок од страна на Владата врз органите на правдата, судството и обвинителството.

Оваа флагрантно мешање, придружено со прилагодливоста  на одредени актери во овие институции кон политичкото влијание, го доведува во прашање вербалното залагање на власта за воспоставување на правна држава.

Ситуацијата станува уште позагрижувачка кога партиски активисти се именуваат на највисоките позиции во правосудниот систем, загрозувајќи ја неговата независност и кредибилитет, соопштија од ДУИ.