Ракомет
18. August 2018 - 17:48

РК Пелистер ја имаше првата контролка

Ракометарите на Пелистер почнаа со загревањето за новата сезона.  Попладнево во Битола го одиграа и првиот контролен натпревар и тоа против екипата на Беса од Косово. 

Битолчани славеа со 41-30, полувреме 23-16. 
Зејак и Чантурија со по 5 погодоци беа најефикасни во победничкиот тим. 
Следниот натпревар е планиран за во среда против екипата на Радовиш.