Фудбал
19. August 2016 - 11:29

Рио 2016: Шпанија противник на Американките во жеснкото кошаркарско финале

 
Во финалето на женскиот олимписки кошаркарски турнир ќе играат репрезентациите на САД и Шпанија. 
 
Американките кој важат за апсолутни фаворитки за златниот медал во полуфиналниот меч против Франција забележаа убедлива победа со 86-67. 
 
Нивните противнички кошаркарките на Шпанија за место во финалето се изборија со победата над актуелниот европски првак Србија со 68-54. 
 
Финалиот меч кошаркарките ќе го играат в сабота од 20.30 часот, а претходно (16:30) за бронзата ќе се борат Србија и Франција.