Ретроспективна изложба на Крунислав Стојановски
Македонскиот академски сликар Крунислав Стојановски, кој речиси 30 години живее и работи во Загреб, вечер во Музејот на град Скопје ќе ја отвори својата прва ретроспективна изложба насловена како „Циклуси“.
Со оваа постановка тој одбележува 20 години творечка работа. Авторот за првпат во својот роден град се претставува со најголемиот број дела од неговиот целокупен минат труд. На изложбата ќе бидат претставени слики поделени во осум творечки циклуси.
На изложбата во Скопје, ќе бидат прикажани голем дел од 400-те слики, кои се донесени од Загреб. Селекцијата ја направија Соња Абаџиева, нашата ценета историчарка по уметност и самиот автор. Сликите се поделени во 8 циклуси, на кои авторот работи во континуитет низ дваесет години. Најголемиот дел од нив се со експресивен карактер.
- Оваа изложба ми е од најголемо значење, затоа што е моја прва голема сликарска постановка во мојот роден град. Ова е ретка можност да се види добар дел од моето творештво, особено сликарскиот сегмент, на кој редовно му се навраќам, и физички и низ своите дела, зошто во сликите лесно се чита македонскиот ген и константната носталгија, вели авторот Стојановски.
Тој се занимава со сликрство, цртеж, изработка на амбиентални инсталации, фотографија, видео, пишување и едукација. Темите што преовладуваат во неговото уметничко творештво се оние што имаат социјална, хуманистичка, еколошка и политичка конотација, со посебен акцент на поединецот и на неговата улога, на можностите и на значењето во глобалното општество.
Своето творештво го има претставено на повеќе од 40 самостојни изложби во Загреб, Пореч, Грожњан, Макарска, Осијек, Ријека, Ѓаково, Пакрац, Задар, Виена, Хелсинки, Скопје, Берлин, Торино и Ротердам.
Ново на Сител
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија
-
Пакистан подготвен за мир ако Индија ги запре воените дејства, вели министерот Дар
-
Макрон во Киев: Подготвени сме да помогнеме ако има прекин на огнот од 30 дена
-
Тошковски за пожарот во Кочани: Во моментов се сослушуваат сведоци коишто се поврзани со кривичниот настан
-
Токсичен облак кај Барселона: Властите апелираат граѓаните да не излегуваат надвор
-
Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација
-
Приведени три лица од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол
-
Во Скопје утре авионска дезинсекција против комарци