„Решение е една граница со Србија”, грчки весник со карта за поделба на Македонија на насловна страна
„Решение е една граница со Србија”, грчкиот весник “Елефтери ОРА”, во неделното издание од 21 јануари на насловната страница објавува мапа за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.
Инаку овој грчки весник важи за близок близок до Грчката православна црква и десничарските екстремистички партии, објави карта за поделба на Македонија меѓу Албанија, Грција, Србија и Бугарија.
Во поднасловот на текстот стои грчката химна за Македонија: Ој славна Македонијо, земја на Александар, ти ги прогони варварите и сега си слободна. Ти си и ке бидеш грчка, најголемата гордост на секој грк, а ние грчките деца венец ти плетеме. Мекедонците не можат да живеат поробени, дури и да изгубат се се уште ќе ја имаат нивната слобода. Дијамантската круна на глава ставиј, и да те прогласиме Македонија пак. Грчките деца ти се радуваме, прво и вие во страдањата на цел свет влезете.
Она што посебно може да се забележи дека во овој весник пишуваат дека поголемиот дел од Македонија и припаѓала на Грција. Објавувањето на таква карта придружена со идејата за поделба на Македонија во пресрет на грчко-македонските разговори за решавање на името, зачленувањето во НАТО и долгоочекуваниот состанок Заев-Ципрас е сериозна провокација за мирот во Балканот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана