Свет
6. November 2024 - 17:59

Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места

Републиканците го зголемија своето новостекнато мнозинство во Сенатот откако го презедоа местото во Монтана од демократите, па сега имаат 52 од 100-те достапни места во Сенатот, јавуваат американските медиуми.

Тие, исто така, постигнаа успех во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, помагајќи му на идниот претседател Доналд Трамп да го исполни своето ветување за намалување на даноците и ограничување имиграција.

Конечните резултати најверојатно нема да бидат познати со денови, но досегашните резултати ги уверија републиканците во Сенатот дека можат да му помогнат на Трамп да назначи конзервативни судии и друг владин персонал.