На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година за да се изборат со последиците од климатските промени, покажува студијата објавена денеска од група водечки економисти од организацијата IHLEG.
Резултатите од студијата, која беше претставена во Баку на самитот КОП29 (COP29), сугерираат дека не треба да се чека до 2035 година, кога се очекува богатите земји да се согласат да ги распределат овие средства, пренесува Гардијан.
Економистот Николас Стерн, еден од авторите на студијата, вели дека трошоците ќе се зголемат доколку побогатите земји не сакаат да платат, па оваа бројка може да се искачи на 1,3 трилиони долари годишно до 2035 година.
Според него, „апсолутно е можно“ да се постигне целта од трилион долари годишно до 2030 година, но тоа бара богатите земји да бидат навистина посветени на тоа и брзо да реагираат.
Ново на Сител
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес
-
Македонија до 21 загуби од Косово на првата контролна средба