Републиканците го изгласаа новиот закон за здравство во конгресот на САД
Во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вечерва е изгласан Законот за здравство, што беше предложен од републиканците.
Гласањето мина со многу тесен резултат, бидејќи републиканците извојуваа победа со 217 гласови наспроти 213 гласови против, наведуваат американските медиуми.
Конзервативците, инаку, седум години се залагаа за поништување и измена на актот за здравствена нега на Обама, сметајќи дека тој ја зголемил цената на здравствените услуги и ја намалил можноста за лекување на милиони Американци, наведуваат француските медиуми.
Републиканците, а меѓу нив и Трамп, неуморно водеа кампања против реформите што Обама ги спроведе во 2010 година.
Демократите го бранат „Обамакер“, како што клоквијално го знаат законот на Обама, зборувајќи дека на 20 милиони Американци им помогнал да добијат здравствено покритие и да спаси илјадници животи со тоа што на осигурителните куќи им забрани да одбијат да лекуваат луѓе врз основа на постојната здравствена состојба кај пациентите.
Претходната верзија на републиканскиот план за поништување на Обамакер пропадна во март, заради недостаток на поддршка и од умерените и од конзервативните членови на партијата, што беше еден од најболните порази на Трамп откако стапи на местото претседател на САД, наведуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога
-
ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен
-
Алиу: Воведовме нов електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството, со дигиталните решенија го отвораме системот пред јавноста
-
Сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, на ГП Табановце за излез се чека околу 10-15 минути
-
Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори