Македонија
29. January 2018 - 9:06

Рекорден амандмански предизвик за пратениците

Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот треба да ја почне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците.

Овој Закон беше вратен од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања.

Од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесени се над 32.000 амандмани, што е рекорден број до сега за било кој закон.