Реконструкција на улицата „Јуриј Гагарин“ во Козле

Општина Карпош целосно ќе ја реконструира улицата „Јуриј Гагарин“ бр. 6 во населба Козле.
Како што информираат од Општината ќе се интервенира по целата должина на улицата од 350 метри. Коловозот ќе биде широк шест метри, со тротоари од обете страни и со широчина од метар и половина.
Општина Карпош, за асфалтирање на улицата „Јуриј Гагарин“ бр.6 од својот буџет обезбеди 4.449.962 денари. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ескаватори-МК“, а надзорен орган е фирмата „Урбан Стил Инженеринг“.Во рамки на улицата, се предвидува и ново партерно уредување, вклучувајќи нови клупи и современо осветлување. За партерното уредување, локалната самоуправа издвои 3.753.068 денари. Изведувач е фирмата „СМ Компани“, а за надзорот ќе биде одговорна фирмата „Карапанчевски Компани“.
Ново на Сител
-

Се намалува бројот на вработени во индустријата, најголем пад има во текстилниот сектор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мисајловски: Владината коалиција покажа дека е стабилна
-

Локални избори 2025
-

Мицкоски во посета на Брвеница и Кичево
-

Ацевски се повлече од функцијата претседател на општинската организација на СДСМ
-

Локални избори 2025
-

Преглед на вестите од светот
