Реконструкција на четири улици во Ѓорче Петров
Договорот за реконструкција и изградба на четири улици потпишаа општината Ѓорче Петров и Ленди Груп ДООЕЛ Скопје.
Договорот е вреден 19.867,875 денари, соопшти Општината. На улицата „Алекса Демниевски“ ќе се поставува ново улично осветлување, нов асфалтен слој, ќе се изведе атмаосферска канализација, нова водоводна мрежа и тротоари.
На улицата „Пробиштипска“ ќе се вади стариот асфалтен слој, шахти, на улицата „Знеполе“ ќе се гребе старата асфалтна подлога и ќе се постави нов слој, ќе се изврши корекција на шахти и шибери.
На улицата „ 2“ кај ООУ „Мирче Ацев“ ќе се отстрани стариот слој на асфалт, ќе се поставуват нов тампонски слој и нов асфалт, ќе се изведе атмосферска канализација, воедно ќе биде поставено ново улично осветлување и нови тротоари.
Средствата со кои ќе се реализира овој проект се грант од Светска банка доделен на општината Ѓорче Петров.
Ново на Сител
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет