-->
-->
Регионалната лига во бокс за Ц.Звезда
-->
Љубителите на боксот во Македонија но и пошироко во претходните неколку дена уживаа во завршниот турнир од боксерската регионална лига што спектакуларно се одржа на централниот плоштад во Скопје. Првото место и припадна на Белградска Црвена Звезда.
Настап на последните борби од регионалната лига обезбедија екипи од Би Х и Србија додека во финалето се пласираа екипите на Црвена Звезда и Лозница, двете од Србија.
На крајот на трофејот се радуваа боксерите на Црвена Звезда која славеше со 16-6.
Љубителите на боксот на плоштадот следеа ревија на боксери но за жал единствениот македонски претставник во регионалната лига Вардар не успеа да се пласира на завршниот турнир. Оваа година инаку во регионалната лига настапија 8 клуба од Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Хрватска и Словенија.
Финалето во Скопје го следеше и српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево
-
Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
-
ЕУ воведува сет мерки за подобра заштита на патниците во авиосообраќајот
-
Кисела Вода организираше бесплатна заедничка полуматурска прослава за сите деветтоодделенци