-->
-->
Регионалната депонија ќе го реши проблемот со застарената механизација и селекцијата на отпадот во Делчево
-->
Делчево дневно исфрла по 15 тони отпад на кој не се прави селекција, а решавањето на проблемот со собирањето отпад и со застарената механзација ќе се реши со проектот за регионалната депонија. Ова го истакна директорот на ЈПКД „Брегалница“ Дарко Гоцевски, кој потенцираше дека во тек е тендерот за набавка на возила и отпадни канти за селекција на отпадот во рамките на проектот за регионалната депонија на Источниот и Североисточниот регион.
- Конечното решавање на проблемот со селекцијата на отпадот и со депонијата во Делчево која летово неколку пати гореше поради високите температури, го дава изградбата на регионалната депонија со средства од ЕУ. За Источниот и Североисточниот регион регионалната депонија ќе биде лоцирана во Општина Свети Николе. Во моментов, во рамките на проектот за регионална депонија е распишан тендер за набавка на 77 камиони и 52.650 канти со што треба да се решат 16 депонии и 107 ѓубришта во регионот. Дел од овие возила и канти ќе добие и Општина Делчево. Тоа се возила за собирање смет, транспортирање смет и канти, а вкупната вреднот на оваа инвестиција е 26,7 милиони евра, истакна Гоцевски.
Тој додаде дека според проектот за регионална депонија, претоварни станици на отпадот ќе има во Македонска Каменица, Берово, Виница, Штип, Ранковце, Куманово, а меѓурегионалниот објект за рециклирање, за третман и санитарната депонија ќе биде лоцирана на локација во Свети Николе
Според програмата за работа на ЈПКД „Брегалница“, вработените во Секторот комунална хигиена метат и одржуваат површини по распоред 33.500 м2, 20.000 м2 паркови и други зелени површини, собирање отпадоци од 32 илјади метри квадратни.
- Со максималното залагање на вработените, Делчево е еден од најчистите градови во регионов и затоа апелирам до граѓаните за посовесно да се однесуваат кога станува збор за комуналната хигиена, рече Гоцевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп го назначи Стивен Милер за заменик-шеф за политика во новата администрација
-
СДСМ: Mицкоски сака да го партизира судството
-
Стејт Департмент: Блинкен ќе се сретне со израелскиот министер Дермер, САД инсистираат на поголема хуманитарна помош за Газа
-
Израел соопшти дека Хезболах истрелал 165 ракети кон северен Израел
-
ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете
-
Откриена огромна мрежа на фалсификати во Италија, ги лажирале делата на Моне, Ван Гог…
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот