-->
-->
Регионална работилница на тема „Попис и политики на населението“ во Делчево
-->
Во организација на невладината организација „КХАМ“, во Делчево се реализираше едукативна работилница од регионален карактер на тема „Попис и политики за население“. Како што информираше извршниот директор на „КХАМ“, Закир Абдулов, се работи за проект чија главна цел е информирање на населението околу претстојниот попис во државата.
-Активноста е резултат на Македонската платформа за борба против сиромаштија и нашата невладина организација. На работилницата учествуваа претставници на неколку граѓански организации и здруженија од регионот, односно граѓани од општините кои гравитираат кон Општина Делчево. Целта е да им се даде можност во наредниот период да дадат свои забелешки околу сите предности или недостатоци за спроведување на претстојниот пробен попис, соопшти Абдулов.

Освен овој проект, дополни дека НВО „КХАМ“ веќе го привршува проектот за подобра едукацијата за здравствените права на Ромите како пациенти во регионот Пијанец – Малеш, а во план на реализација се проекти преку Еразмус плус програмата.
-Дел од активностите веќе се завршени, но следуваат нови проекти како што е проектот од Еразмус плус, а тоа е проектот за преквалификација и доедукација на Ромската заедница во Источна Македонија, додаде Абдулов.
Од оваа организација напоменаа дека во моментот во општините Делчево, Пехчево и Виница како и село Црник како дел од проектот „Социјална отчетност и правно зајакнување“ се спроведуваат анкети наменети за припадниците на ромската заедница, а со цел подобар пристап до здравствените услуги, квалитет на здравствени услуги и дискриминација во здравствената заштита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа