Регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“
Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Бранко Црвенковски и Подгоричкиот клуб, денеска во Скопје, ќе се одржи Регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“.
На конференцијата, покрај поранешниот претседател Црвенковски како домаќин, најавено е учество и поранешните претседатели на Албанија Алфред Мојсиу и Реџеп Мејдани, поранешниот претседател на
Црна Гора Филип Вујановиќ, поранешниот претседател на Косово Фатмир Сејдиу, поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор и поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк, поранешниот премиер на Србија Мирко Цветковиќ, како и поранешниот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија.
Поздравно обраќање на конференцијата ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, а како гости се поканети и амбасадори од земјите членки на ЕУ, како и амбасадори од земјите од каде доаѓаат членовите на Подгоричкиот клуб, претставници од бизнис заедницата и од невладиниот сектор.
На конференцијата ќе биде усвоена заедничка декларација за важноста од донесување на позитивни одлуки на претстојните состаноци на Советот, а која ќе биде упатена до највисоките претставници на Европската Унија.
Обезбедувањето на поддршка за пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ е еден од темелите на политиките на Подгоричкиот клуб, кој е насочен кон дефинирање на заедничка „Визија за Западниот Балкан до 2030“ и „Нов наратив за Западниот Балкан“.
Членови на Подгоричкиот клуб, формиран на 1 февруари 2019 година, се поранешни претседатели и премиери од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка