Регионален летен универзитет за француски јазик во Струга
Над сто професори по француски јазик од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Естонија и од Литванија ќе учествуваат на 17. Регионалниот летен универзитет кој од денеска до 8 јули ќе се оржува во Струга.
Летниот универзитет го организираат Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во партнерство со македонското Министерство за образование и наука.
Универзитетот им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставта по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик. Програмата предвидува шест модули за обука, кои ги водат врвни француски обучувачи, но и богати франкофонски активности, како презентации, работилници и размени на професионално ниво, соопшти Францускиот институт во Скопје.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција