Референдумот за останување на Велика Британија во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни
Британскиот премиер Дејвид Камерон по денешната владина седница најави дека референдумот за останување на Британија во ЕУ ќе се одржи на 23 јуни.
Тој изјави дека неговиот кабинет се согласил на референдумот да се поддржи останување на Британија во реформираната Унија.
Ова е првпат во сабота да се одржи седница на британската Влада од Фокландската криза во 1982 година.
Камерон истакна дека вчера е постигнат договор со лидерите на ЕУ да и се даде на Британија „специјален статус“ и дека тој со цело свое „срце и душа“ ќе се бори земјата да остане во Унијата.
Договорот предвидува два клучни елемента, кои ќе бидат вметнати во идните договори на ЕУ: специјално изземање на Британија од натамошна политичка интеграција внатре во Унијата и обезбедување фер третман во врска со финансиските и економските ангажмани меѓу земјите од еврозоната и членките на ЕУ, кои се надвор од неа.
Освен тоа, Британија ќе има право на работниците кои ќе дојдат да работат во оваа земја да им ги одземе во првите четири години социјалната помош и бенифициите, додека сами не придонесат за финансирање на системот.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња