Реџепи - Зејд: Денеска ќе има нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата
Во координација со ВМРО-ДПМНЕ денеска подготвуваме нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, најави пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи.
Тој оценува дека е политичка, а не правна вчерашната изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ако се повлече сега барањето за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба
– Џафери може да дава политички изјави, но таа не е правно издржана. Неговата изјава правнички ќе се толкува. Во партијата наскоро пратениците на Алтернатива ќе ги стават потписите на новата иницијатива за гласање на недоверба на Владата и потоа во координација со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доставиме до пратеничките групи, изјави Реџепи.
Претседателот на Собранието Џафери вчера во гостување на ТВ21 изјави дека веќе е закажаната седница за доверба на Владата и дека ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Владата, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба.
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени