Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
Состојбата со Преспанското езеро кое забрзано старее алармантна. Засилените антропогени притисоци во регионот поддржани со климатксите промени се одразуваат негативно врз водениот еко систем како врз квалитетот на водата така и врз биодиверзитетот. Директорката на Хидробилошкиот Завод Тасевска потенцира дека неопходен е унифициран мониторинг од македонска ,грчка и албанска страна за да се спаси овој еко систем .
Со повлекувањето на нивото на Преспанското езеро се зголемува и бројот на инсекти кои може да бидат причина за некои заразни болести кои не биле карактеристични за овој регион.
Здравески Од Институтот за јавно здравје вели дека главна цел е превенцијата, но неопходно е засилување во инспекторскиот надзор и поголеми казни.
Од Секторот за животна средина од општина Ресен на став дека се преземаат мерки, ренџерска служба врши превентивна заштита на водите, се врши мониторинг, анализи и се подигнува јавната свест кај населението.
На панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“ во рамките на кампањата Преспа? Разбуди се за чиста средина беше посочено дека неопходна е заедничка акција која ќе тргне од самите граѓани, а ќе ја продолжат институциите и од локалната и од централната власт.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар