-->
-->
Речиси еден милион луѓе погодени од поплавите во Сомалија
-->
Поплавите во централниот дел на Сомалија погодија речиси еден милион луѓе, додека други 400.000 лица беа принудени да ги напуштат домовите, соопштија денеска Обединети нации.
Најмалку 24 луѓе загинаа во поплавите во Беледвејне и Џовхар, два земјоделски центри во централна Сомалија.
Тоа подрачје и минатата година беше поплавено, поради што повеќе од 500.000 луѓе ги напуштија домовите.
Дистриктот Беледвејне во регионот Хиран е најтешко погоден откако реката Шабеле на 12 мај се излеа и поплави 85 отсто од градот Белет Вејн и 25 села.
Во градот Беледвејне постои голем ризик од избивање на болести бидејќи се уште паѓа дожд во Сомалија и на висорамнините на соседна Етиопија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид