-->
-->
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Шилегов
-->

Во врска со оценката на Петре Шилегов од СДСМ дека претседателот на Уставниот суд Јован Јосифовски треба да поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ во пишана реакција прашува - има ли поголема иронија во тоа кога СДСМ обвинува за партиска поврзаност во судството?
- СДСМ е партијата која во ист ден, со декрет смени и именуваше 600 судии на генералниот реизбор реализиран без дискусии, само со кревање два прста. Филип Медарски, адвокатот на аболицираниот криминалец Зоран Заев има сопруга која е судија во основниот суд Скопје. Неговата баба е Јавен обвинител, а неговиот кум Гаврил Бубевски е десна рака на Катица Јанева. судијата во Уставниот суд Наташа Габер е сестра на Виктор Габер, истакнат член на СДСМ и комисијата за надворешни работи, пишува во дописот на владејачката партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува со праксата да измислува теми со цел да се присутни со нешто во јавноста бидејќи, наведува, друго немаат што да им понудат на граѓаните.
- Јавноста добро знае дека ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став поврзан со темата која како иницијатива се појави пред Уставниот суд. И тој став ВМРО-ДПМНЕ не го сменил ни во 2009 ни денес. СДСМ е тој кој менува ставови, односно еднаш е за правото на претстедателот на државата да помилува во одредени случаи, за сега да се противи на тоа. Очекувавме Шилегов да излезе барем да го презентира единствениот став на СДСМ по ова прашање, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
-

Касами: Не можеме да застанеме зад Дехари во Кичево само затоа што е Албанец, мојата изјава е извадена од контекст
-

„Убер“ се стреми кон 100.000 роботаксија во партнерство со „Н-видија“
-

Предупредување од Државна лотарија за играчите на интернет игри на среќа - Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија
-

Роналдо реагира на елиминацијата на Ал-Наср од Кралскиот куп
-

АБА 2: ТФТ Скопје ја совлада Војводина
