Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Зоран Заев за ТВ Сител
Зоран Заев спротивно на волјата на граѓаните го продава името на државата. Граѓаните јасно и недвосмислено на референдум кажаа дека не се согласуваат со промена на уставното име, Заев оди спротивно на нивната волја и ја силува демократијата и парламентарните процедури.
Зоран Заев е човек кој до гуша е потонат во криминал. Тендерите и бизнисите во четири очи кои ги делат помеѓу себе милионите од државниот буџет мора да запрат. Црнилата кои надвиснале над бизнисот и граѓаните мора да си одат.
Заев јавно го призна и непотизмот и потврди дека се вработуваат роднини на функционери, ова е срамно и недозволиво за една демократска држава.
Ниту една фирма не работи, работат само фирмите на Заеви и луѓето околу него.
Странски инвестиции нема. Заев лаже и манипулира со бројот на странски инвестиции. Граѓаните не се сеќаваат кога последен пат е отворена некоја инвестиција во зоните, тоа се должи на лошата економска и даночна политика на власта.
Даноците кои ги зголеми оваа власт ги погодуваат сите, како граѓаните, така и фирмите, а се со една единствена цел да се полни буџетот за компаниите на Заеви и луѓето блиски до нив да црпат милиони преку тендери и договори во четири очи.
Власта стана синоним за неработа. Застојот на полето на капиталните инвестиции е доволен показател за тоа. Нема ништо од најавените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локани патишта.
СДСМ се што вети излажа. Власта донесе црнила и мака за граѓаните. СДСМ мора да си замине. Зората мора да изгрее за Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени