Реакција на Град Скопје
По вчерашната најава на премиерот Христијан Мицкоски дека доколку продолжи ваквата ситуација во Скопје можно е да им се одземат ингеренциите на јавните претпријатија, денеска реагираа од Град Скопје.
„ Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше.
Како за почеток, апелираме премиерот Мицковски да ги вразуми советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје кои трета година по ред свесно и за политички поени ја кочат работата на јавните претпријатија. Апелираме Мицковски да ги убеди советниците да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани. Апелираме советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност, апелираме Мицкоски да превземе одговорност и за свесното блокирање на претпријатијата“, се вели во објавата на Град Скопје на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда
-
Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет