Loading Video...
Свет
30. јуни 2025 - 19:56

Преглед на вестите од светот

Српската полиција во раните утрински часови ги отстрани блокадите на сообракајници и мостови во Белград и други градови низ Србија, вклучувајќи ги Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Чачак. Блокадите беа поставенени сонока  од студентите во блокада и грагани кои бараат ослободување на сите уапсени за време на немирите по саботниот протест на плоштадот Славија и во текот на вчерашаниот ден.

Блокадите предизвикаа хаос во сообракајот. Студентите во Блокада порачаа дека ќе продолжат со уличните блокади низ Србија и дека нема да се откажат од нивните барњата. Српската полиција ги повика студентите во блокади и  граѓаните кои ги поддржуваат да го почитуваат законот, да не го блокираат сообракајот и да не прибегнуваат кон насилствто.

Вчера беа уапсени 8 студенти. Властите тврдат дека тие органзирале и подготвиле напад врз државните институции, блокирање патиша и други видови насилство со цел да предизвикаат хаос во земјата и насилни промени на уставниот поредок. Во саботата вечерта по судрите со полицијата беа приведени 77 лица.

1000 пожарникари втор ден по ред се борат со шумски пожар во турската покраина Измир. Над 20 куќи се уништени во областа Сеферихас а поради силниот ветер огнената стихија се заканува да ја зафати областа Мендере.

Евакуирани се четири села и два населеби поради безбедносни причини.

-Поради силниот ветер и сувото време, пожарот брзо се приближи кон областа Мендерес поради насоката на ветерот и не е под контрола. Нашите екипи работат на терен, налетите на ветерот се помеѓу 70 и 100 км (на час), па затоа нашите воздушни единици не работат, изјави Сулејман Елбан, гувернер на Измир.

На пожарникарите им помагаат и голем број волонетри.

Израел ги интензивираше воздушните напади против цели на Хамас низ појасот Газа со посебен фокус на областа Џабалија и градот Газа, соопшти портпаролот на израелската армија. Вчера попладне израелската војска ги повика палестинците да заминат од Џабалија и Газа. Палестинци го обвинуваат Изарел дека не оставил време за евакауција.

-Нè принудија да заминеме, ни наредија да се евакуираме, а потоа нè бомбардираа со гранати и воени авиони. Токму кога се спремавме да избегаме, ги срушија нашите домови врз нас. Што сакаат од нас? Нека ни кажат што сакаат! Доста е. Околу 10 лица беа убиени во куќата, повеќето од нив деца.

-Каде треба да одиме? Нема безбедно место. Ни велат да одиме во областа Наср, а потоа нè убиваат. Велат да одиме во Ал-Маваси, а и тоа го уништуваат. Каде можеме да одиме? Нема безбедно место. Сè што велат се лаги и клевети.

Американскиот претседател Трамп ги повика Изрел и Хамас да постигнат напредок во разговорите за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците што е можно побрзо.