РЦУК -Кичево е подготвен за зимската сезона
Во Кичево се оддржа 41. вонредна седница на Регионалниот штаб на РЦУК Кичево, каде покрај членовите на штабот на седницата присуствуваа и претставници на ЈП Македонија пат – Кичево, ТППЕ Кичево и ЕВН Македонија – КЕЦ Кичево.
Со седницата раководеше раководителката на РШ на РЦУК Кичево, Сузана Тасевска која отвори дискусија за состојбата и можностите за справување со интензивни врнежи од дожд и снег на надлежните институции.
Таа ги информирала присутните дека во овој период во соработка со ОО Црвен Крст и ЈЗУ Здраствен Дом остварила посета на повеќе населени места кои се наоѓаат на повисока надморска висина, но и додаде дека на состаноците со месното население се констатирале нивните потреби и се вршија лекарски прегледи.
Претставникот на Општина Кичево истакна дека завршена е постапката за избор на оператори за зимско оддржување на патиштата и бидејќи оваа година има повеќе финансии за оваа намена општината не очекува поголеми проблеми и е подготвена за оваа зимска сезона.
Од друга страна претставникот на ПС Кичево ја потенцира соработката со операторите кои се ангажирани за чистење на снег, но предлага повеќе да се посвети внимание на тротоарите.
Преставничката на ЈЗУ Здраствен Дом Кичево е задоволна од соработката со РЦУК Кичево, кои наоѓаат можности за помош на Итната медицинска помош при изведување на нивните акции во услови на снег.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та