Разговорите со ЕУ се одолговлекуваат без договор за климатските цели

Напорите на земјите-членки на Европската Унија да се договорат за нови климатски цели се одолговлекуваат. По околу 15 часа преговори до раните утрински часови денеска, министрите за животна средина на ЕУ во Брисел не успеаја да постигнат компромис за климатската цел до 2040 година.
Тие, исто така, не беа во можност да се договорат за обврската за намалување што се бара според Парискиот договор за климатските промени од 2015 година – документ што мора да се достави до Обединетите нации пред претстојната Конференција на ОН за климатските промени, позната како COP30, во Бразил.
Некои делегации посочија дека се подготвени да продолжат со разговорите во текот на ноќта. Формалните преговори треба да продолжат денеска наутро во 07:45 часот.
Средбата вчера беше свикана со кратко известување поради потребата да се постигне договор пред да започне годишниот самит за климата на ОН за само неколку дена.
ЕУ веќе пропушти два рока за поднесување на својот план за климата и преговорите сега се водат во последен можен момент.
Досега, земјите-членки не беа во можност формално да се договорат за целта за намалување на емисиите што ја оштетуваат климата за следната деценија.
Тие досега се согласија само за необврзувачки план за климатски план до 2035 година, со цел намалување на емисиите во следните 10 години за помеѓу 66,25 проценти и 72,5 отсто од нивоата од 1990 година.
Климатскиот план бара едногласно одобрување.
Разговорите продолжија и за посебна, долгорочна цел за 2040 година. Според законот на ЕУ за климата, блокот мора да специфицира, покрај постојните цели за 2030 и 2050 година, за колку емисии треба да се намалат до 2040 година.
Европската комисија предложи намалување на емисиите за 90 проценти до 2040 година во споредба со нивоата од 1990 година, врз основа на научни докази.
Неколку земји, вклучувајќи ги Полска и Франција, се спротивставуваат на предлогот. Тие укажуваат на загриженост во врска со економските оптоварувања, притисокот врз индустријата и моменталната геополитичка средина.
За да се донесе одлука по ова прашање, потребно е квалификувано мнозинство – најмалку 15 од 27-те земји-членки што претставуваат 65 отсто од населението на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
-

Преглед на вестите од светот
-

Рокас му го предаде извештајот за Македонија на Гаши
-

ЕК ги презентираше извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Предлог буџетот стигна во Собрание
