Разбиена болничка банда која крадела новороденчиња и ги продавала
Седмочлена болничка банда, која крадела новороденчиња во градот Пешавар, а потоа ги продавала на брачни двојки без деца, е разбиена, а сите нејзини членови се уапсени, соопшти полицијата во Пакистан.
Членовите на бандата ги заменувале штотуку родените бебиња за починати новороденчиња од болниците и од домовите за мајки, уверувајќи ги несреќните родители дека нивните бебиња починале по породувањето.
Новороденчињата потоа ги продавале за цена која се движела од 650 до 2.850 американски долари.
Некои мајки пријавувале кај полицијата дека се сомневаат во тврдењето на болничките работници дека бебето им починало набргу откако дознаваеле дека родиле здраво новороденче, но криминалот со бебиња во Пешавар дури сега е разбиен.
Полицијата соопшти дека во спроведената акција во овој пограничен пакистански град се уапсени пет жени и двајца мажи.
Меѓу уапсените има една медицинска сестра, двајца болничари и бизнис агент, кој ги подготвувал зделките и договорите за продавање и купување на бебињата.
Засега е познато дека бандата украла и продала девет новороденчиња.
Во претресот кај бандата било најдено и спасено едно бебе кое требало да биде продадено.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст