-->
-->
Раул ќе биде без помош на дуелите против Чешка и Данска: Македонија без тренер и помошник
-->

На натпреварите против Чешка и Данска кои се играат утре и задутре во Вараждин на клупата на Македонија ќе го нема Роберто Гарсија Парондо. Тој се врати во Скопје, а новиот член на стручниот штаб кој ги води средбите нема да биде Хота Гонзалес со оглед на тоа што не е пријавен навреме и не може во текот на првенството да се прават промени на лиценци за водење на натпревар.
Раул Гонзалес, стратегот на македонската ракометна репрезентација, нема да го има Хота Гонзалез на располагање при себе на клупата на натпреварите против Чешка и Данска во наредните две кола на Европското првенство во Хрватска.
Хота Гонзалез не може да биде регистриран кај ЕХФ во оваа фаза на натпреварувањето, па така, Парондо, кој мораше да замине за Скопје, нема да има наследник на натпреварите. Новиот асистент на Раул ќе му помага за време на тренизите, а на клупата крај Раул ќе бидат Александар Царчев и Милчо Чакаревски.
Мечот против Чесите се игра во вторник од 20:30 часот, додека дуелот против Данците е вo среда, од 18:15 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Задутре почнуваат новите правила за влез и излез од ЕУ
-
Се зголемува бројот на граѓани кои бараат психијатриска помош по трагедијата во Кочани
-
1.200 ученици во Прилеп го формираа македонското знаме – започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Преглед на вестите од светот
-
Шаини: Мојата сопруга не е вмешана
-
Мицкоски: Историски инвестиции во општините
-
Филипче: Власта ги понижи лозарите
-
Ѓорѓиевски: Нов здравствен дом во Кисела Вода