Расветлени тешки кражби извршени во куќи и викендици во општина Штип
Шест кривични дела тешки кражби извршени во куќа и викендици кои се случиле на територијата на општината Штип расветлија полициските службеници од полициската станица-Штип во рамките на СВР-Штип.
Како што информираше на денешната прес-конференција портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за само три дена расветлина е кражбата во куќа на улица „Сутјеска“, каде што 22-годишен штипјанец со крешење на прозорецот влегол во домот на 57-годишната штипјанка и одзел 20 лири, 5.000 евра, телевизор, дигитален рисивер, музички систем и други предмети во вредност од половина милион денари. Полицијата кај сторителот пронашла дел од предмети, по што се вратени на сопственичката.
- Расветлени се и пет кривични дела –тешка кражба извршени на трети февруари, годинава во викендици во место викано Кумлак, атар на Штип, од каде што осмоничените лица на возраст 22-годишен и 25-годишен штипјанец одзеле разни предмети, како земјоделски алати, пластична туба наполнета со ракија и други предмети, кои од страна на полициските службеници се пронајдени се вратени на сопствениците, рече Панајотова.
Таа упати апел од име на СВР-Штип до граѓаните да преземат заштитни мерки против крадците, односно да не ги оставаат вредните предмети на видливи места, да се заштитат со безбедносни системи, да градат добрососедски односи и доколку забележат сомнителни лица во нивната населба веднаш да ја аламрираат полицијата на добро познатиот бесплатен број 192.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам